Водич за приватност на Google Payments за деца
Избери ја твојата возраст: 6 – 8 години 9 – 12 години
6 – 8 години
Сакаш да знаеш како Google ги штити твоите работи на Google Payments?
Страницава е за деца! На неа се одговорени прашања од типот на „како Google ги користи и ги штити твоите податоци за Google Payments“.
За родители: Овие информации важат само за сметките на Google управувани со Family Link, за деца под 13-годишна возраст (или соодветната возраст во вашата земја). За повеќе детали, погледнете ги Известувањето за приватност и Политиката за приватност.
Какви податоци му требаат на Google?
Покрај работите што Google ги прибира за сите производи, ни требаат и некои основни податоци од тебе за Google Payments да може добро да работи.
Податоци за регистрирање
- твојата адреса и телефонски број
- твојот датум на раѓање
- податоци за твојата кредитна или дебитна картичка
- податоци што ќе ни потврдат кој(а) си ти
Понекогаш, може да побараме малку повеќе податоци за да провериме дали сѐ е безбедно и заштитено.
Податоци од други места
- податоци за твоите плаќања во продавниците
- податоци за твојата банка и кредитна или дебитна картичка
Податоци кога ќе купиш нешто
- кога и каде го имаш купено нештото и колку чинело
- дали користеше кредитна или дебитна картичка
За што Google ги користи моите податоци?
Покрај начините на коишто Google ги користи твоите податоци за сите производи, ги користиме податоците што ќе ни ги дадеш и за да може да правиме работи во Google Payments како што се:
- да правиме плаќањата да поминуваат без проблем
- да ви ги покажеме плаќањата што ги имаш извршено тебе и на твоите родители
- да им понудиме помош на родителите ако им треба
- да ги заштитиме твоите податоци и пари од лоши луѓе
- да се увериме дека ги следиш правилата на Google Payments
- да одлучиме дали е безбедно да ги дозволиме идните плаќања
Дали Google ги споделува моите податоци?
Покрај начините на коишто Google ги споделува твоите податоциза сите производи, може да ги споделуваме твоите податоци и со други луѓе за да може да работи Google Payments. Еве неколку примери:
- ако законот ни дозволува
- за твојата сметка и плаќањата да работат како што треба и да бидат безбедни
- за да направиме твоите плаќања да поминуваат без проблем
Какви контроли имаат моите родители?
Еве што може да прават твоите родители:
- да додаваат нови картички наместо тебе во Google Payments
- да добиваат е-пораки кога ќе ги користиш твоите картички и ако е отстранета некоја картичка
- да ги гледаат твоите плаќања и да отстрануваат платежни картички во Family Link
Како Google ги штити моите податоци?
Google напорно работи за да ги заштити твоите податоци. Ти може да помогнеш така што никому нема да му ги кажуваш твоите лозинки и PIN-кодови.
Важни работи што треба да ги запомниш:
- Внимавај со кого ја споделуваш твојата сметка.
- Внимавај кому му дозволуваш да го користи твојот уред.
- Ако мислиш дека твојата Google Payments веќе не е безбедна, кажи му на твојот родител.
9 – 12 години
Сакаш да знаеш за твојата приватност кога ја користиш Google Payments?
Дојде на вистинското место! Прочитај ги прашањата што децата најчесто ги поставуваат, на пример како ги користиме твоите податоци и како ги штитиме.
Родители, овие информации важат само за сметките на Google управувани со Family Link, за деца под 13-годишна возраст (или соодветната возраст во вашата земја). За повеќе детали, погледнете ги Известувањето за приватност и Политиката за приватност.
Какви податоци му требаат на Google?
Покрај работите што Google ги прибира за сите производи, може да треба да побараме и други податоци од тебе за Google Payments да може да ти работи.
Податоци за регистрирање
Еве дел од податоците што ќе ги чуваме во твојата сметка на Google. Некои податоци може да се чуваат на твојот уред.
- адреса
- телефонски број
- датум на раѓање
- податоци за кредитна или дебитна картичка
- податоци што ќе ни потврдат кој(а) си ти, на пример лична карта
Понекогаш, може да побараме да ни испратиш повеќе податоци или да одговориш прашања за да може да ги потврдиме твоите податоци или твојот идентитет.
Податоци од други места
Може да прибираме податоци за тебе од други места, на пример:
- податоци од твоите трансакции преку Google Payments во продавниците
- податоци за тоа како ги користиш твоите начини на плаќање и сметки од други места што се поврзани со Google Payments
- твојата банка или издавачот на картичката
- поволностите од твојот начин на плаќање
- податоци за твоите плаќања на други места, за да бидеме сигурни дека твојата сметка и плаќања се доверливи
Податоци кога ќе купиш нешто
Кога ја користиш Google Payments за да купиш нешто, може да ги прибереме податоците за трансакцијата како што се:
- датумот, времето и износот
- локацијата и описот на продавницата
- како имаш платено
За што Google ги користи моите податоци?
Покрај начините на коишто Google ги споделува твоите податоци за сите производи, ги користиме податоците што ќе ни ги дадеш за да може:
- некој да му помогне на твојот родител ако има проблем со твојата Google Payments (како служба за корисници)
- подобро да те заштитиме тебе, другите и работите на Google од луѓето што може да пробаат да ги украдат твоите податоци или да ти ги потрошат парите без твоја дозвола
- да им помогнеме на продавниците или другите компании да ти го дадат она што го имаш побарано од нив
- да се увериме дека ги следиш правилата за Google Payments
- да одлучуваме за твоите идни трансакции на Google Payments
- да се погрижиме да знаеш за другите кул работи што може да ги прави твојот начин на плаќање
Може да ги чуваме податоците што ќе ни ги дадеш сѐ додека ја користиш Google Payments, а можеби и подолго ако тоа од нас го бара законот.
Дали Google некогаш ги споделува моите податоци?
Покрај начините на коишто Google ги споделува твоите податоци за сите производи, има само уште неколку други причини поради коишто може да ги споделуваме твоите податоци со други луѓе надвор од Google, на пример:
- ако законот ни го дозволи тоа
- за да ја одржуваме твојата сметка, да се грижиме твоите купувања да поминуваат, да ја подобриме безбедноста на твојата сметка, да те заштитиме од некој што сака да украде од тебе или да те измами, но и за да може да работиме нормално
- за да може полесно да се уверуваме дека твојот начин на плаќање е безбеден и сѐ уште работи
- за да ја завршиме регистрацијата што ја имаш побарано за одредена услуга што се нуди на други места
Google поседува или контролира и други компании. Понекогаш ги споделуваме твоите податоци со нив ако тие им се потребни за да може нормално да работат. Ова ги вклучува и податоците што може да ги добиеме од други места, на пример од продавниците каде што купуваш.
Какви контроли имаат моите родители?
Еве што може да прави твојот родител:
- да дава лична дозвола за секоја додадена платежна картичка
- да добива е-пораки кога ќе ги користиш твоите картички и ако е отстранета некоја картичка
- да ги прегледува твоите трансакции на Google Payments и да отстранува платежни картички во Family Link
Како Google Pay ги штити моите податоци?
Google многу се труди да те заштити, но важно е никому да не му ги кажуваш твоите лозинки за сметки, PIN-кодови и други важни податоци.
Запомни:
- Ако ги споделиш твоите податоци за сметката на Google со други места, тие ќе имаат пристап до твојот профил за плаќање на Google и до твоите лични податоци
- Внимавај кому му дозволуваш пристап до твојот уред или до твојата апликација Google Wallet
Ако мислиш дека твојата апликација Google Wallet веќе не е безбедна, побарај помош од родител за да може да го извести Google.
Последно ажурирање: 10 декември 2025 г.
© 2025 Google – Google Home „Услови за користење“ на Google Претходни „Известувања за приватност“