ВАЖНО: Ако живеете во Индија, „Условите за користење“ на Google Pay што важат за вас може да ги најдете овде. Ако живеете во САД, „Условите за користење“ на Google Pay што важат за вас може да ги најдете овде.

„Услови за користење“ на Google Pay/Google Payments

Последна измена: 10 декември 2025 г.

1. Вовед

Google Pay подлежи на „Условите за користење“ на Google („ToS на Google“) и претставува „Услуга“ како што е дефинирано во ToS на Google. Следниве „Услови за користење“ на Google Pay се дополнителни услови што важат за користењето на Google Pay. Вашето користење на Google Pay подлежи на овие „Услови за користење“ на Google Pay и ToS на Google (кои заеднички, за целите на овие „Услови за користење“ на Google Pay, ги нарекуваме „Услови“). „Известувањето за приватност“ на Google Payments објаснува како Google постапува со вашите податоци за плаќање.

Ако постои некаков конфликт меѓу „Условите за користење“ на Google Pay и ToS на Google, „Условите за користење“ на Google Pay ќе преовладеат. Ако постои некаков конфликт меѓу верзијата на Условите на англиски јазик и верзија преведена на друг јазик, ќе преовладее текстот на англиски јазик.

Одредени функции на Google Pay претходно беа брендирани како „Android Pay“. Иако може и понатаму да гледате застарени спомнувања на Android Pay во продавниците, во апликациите или на вебсајтовите, тие функции подлежат на овие Услови.

За да ја користите Google Pay, потребно е да се согласите со следниве услови. Прочитајте ги внимателно. Некои производи и функции може да не се достапни во сите земји. Погледнете во „Центарот за помош“ на Google Pay за повеќе информации.

2. Основни услови

Ако се согласите со Условите, тврдите дека сте:

Ќе ви бидат потребни и: сметка на Google, уред што ги исполнува системските барања, како и барањата за компатибилност на Услугата, кои може повремено да се менуваат, функционален пристап на интернет и компатибилен софтвер. Овие фактори може да влијаат на користењето и изведбата на Google Pay. Таквите системски барања се ваша одговорност.

Ако си под возраста потребна за управување со сопствена сметка на Google, мора да имаш дозвола од твојот родител или законски старател за да ја користиш Услугата. Побарај од твојот родител или законски старател да ги прочита овие Услови со тебе.

Ако сте родител или законски старател и му дозволувате на вашето дете да ја користи Услугата, тогаш овие Услови важат за вас и вие сте одговорни за активноста на вашето дете на Услугата, вклучително и за сите трансакции што ги извршило вашето дете преку Услугата. Изјавувате и дека вашето дете е сопственикот на картичката или е овластен корисник на кој било начин на плаќање зачуван во сметката на Google на вашето дете.

3. Општ опис на Google Pay

Google Pay ви овозможува да ги зачувувате следниве ставки во вашата сметка на Google, да управувате со нив на едно место и со нив да вршите трансакции со Google и со трети страни:

4. Начини на плаќање

5. Трансакции со Начини на плаќање